Македонски гoтвачи освоија еден сребрен и три бронзени медали на Фестивал во Крањска Гора

hrana.jpg

Еден сребрен и три бронзени медали освои тимот на Македонската асоцијација на готвачи и шефови – ГастроМак Македонија, на годинешниот Втор меѓународен кулинарски фестивал, што се одржа во Крањска Гора, Словенија.

Како претставници на националната Асоцијација на готвачи и шефови – ГастроМак Македонија, Игор Атансов и Кристијан Китанов се натпреваруваа во категориите на традиционални и модерни јадења.

Две бронзени медали освои Игор Атанасов во подготовка на традиционално и модерно јадење, додека за истите категории, младиот и талентиран шеф Кристијан Китанов, под менторство на шеф Влатко Ѓоргиевски, освои по едно сребро и бронза. Со кулинарските вештини и креативност, двајцата македонски шефови ги задоволија и највисоките критериуми на натпреварот и ги освоија симпатиите на жирито.

– Исклучително сме горди на нашите готвачи за добиените признанија и награди особено ако се има предвид дека се натпреваруваа со готвачи од асоцијации на земји кои се поискусни од нас, но и лидери во гастрономијата во светски рамки’, изјави претседателката на Асоцијацијата ГастроМак, Адријана Алачки.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail