„Македонски иселенички меридијани“ на Славе Катин промовирана во Торонто

meridijani.jpg

Во катедралната Македонската православна црква „Свети Климент Охридски” во Торонто вчера била промовирана книгата „Македонски иселенички меридијани“ од Славе Катин во рамки на активностите на Канадско-македонското историско друштво и Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада.

Книгата е објавена од издавачките куќи „Македонска искра“ и „Матица македонска“ од Скопје, а рецензенти се поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Стефан и проф. д-р Вера Стијчевска-Антиќ.

Изданието пред голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија го претставиле Драгица Димовска, уредник и водител на Македонското радиочас „Обединета Македонија“ и Тодор Марковски, претседател на Канадско-македонското историско друштво. Присутните ги поздравил генералниот конзул на Република Македонија во Канада Јовица Палашевски.

– Делото на Катин е еден вид именик, или биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на 150 личности од македонско потекло. Во книгата на 600 страници се објавени имиња на познати и признати личности, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во изградбата на македонските православни цркви од нивното конституирање од дамнина до денес. Овој импозантен број имиња е значаен за македонската национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, со што се прикажува вистината за македонското иселеништвото во минатото и сегашноста, истакнале промоторите на книгата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail