Македонски изум – дрон што креира 3Д-мапа во реално време

3d-dron-1.jpg

Нашата идеја е да произведеме систем што од видео ќе произведува 3Д-мапа во реално време. Мапите што обично ги среќаваме на Гугл мапс се дводимензионални, нашата идеја е да добиеме 3Д-мапа со координати на секоја точка, вели професорот Миле Станковски, кој е дел од тимот заедно со магистерот Душко Муртовски и со студентите-дипломци Столе Јовановски, Андреј Георгиевски и Стефан Златинов.

Професорот Миле Станковски, магистерот Душко Муртовски и студентите-дипломци Столе Јовановски, Андреј Георгиевски и Стефан Златинов, се дел од тимот што работи на автономната навигација на дрон за креирање тридимензионални мапи во реално време. Како што велат тие, ваков идентичен производ на пазарот не постои, тие со свој труд, идеи, вештини, талент и замисли креираат производ од нула.

Идејата им е со употреба на СЛАМ-алгоритам (алгоритам што е релативно нов и многу малку научни институции го работат) да се развие комерцијален производ. Крајниот продукт би бил комплетно хардверско и софтверско решение, кое најголема примена би имало во геодезијата, катастарот, градежништвото, но и во имплементација на системи за автоматска навигација и управување.- Системот, кој планираме да го развиеме, се состои од дрон што ќе носи опрема, моќен компјутер, камера и повеќе сензори, меѓу кои џипиес, жироскоп, акцелерометар и барометар. Идејата е со интеграција на сензорите и видеото, кое ќе се добие од камерата што ќе се имплементира на дронот, да се произведе 3Д-мапа во реално време. Системите што досега постојат во светот главно се базираат на снимени фотографии од дрон и обработка на тие фотографии. Нашата идеја е да произведеме систем што од видео ќе произведува 3Д-мапа во реално време. Мапите што обично ги среќаваме на Гугл мапс се дводимензионални, нашата идеја е да добиеме 3Д-мапа со координати на секоја точка – објаснува Станковски.

Тимот што работи на автономната навигација на дрон за креирање тридимензионални мапи во реално време

Тој додава дека вакви системи постојат со поинаква технологија, но се прескапи, па нивната замисла е да произведат релативно евтин производ за да може секоја фирма на која ѝ е потребен да си го дозволи. Ова најмногу би им користело на геодетските фирми што вршат снимања. Идејата е да го користат во производство на мапи во катастар, проектантски фирми за проектирање патишта, пруги, далеководи, нафтоводи, гасоводи. И наместо да го снимаат теренот рачно, на овој начин полесно и поефикасно би дошле до 3Д-мапа во реално време за сите капитални проекти.

Идејата за овој иновативен производ потекнала од магистерската работа на Душко Муртовски.

Прочитајте го целиот тект на следниов линк.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail