Македонски научник e дел од ново астрономско откритие

iPTF14gqr-3-panel-702x336.jpg

За прв пат астрофизичарите најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда. Студијата беше предводена од тим од Caltech (Калифорнискиот институт за технологија), а вклучи и истражувач од Универзитетот во Нова Горица, каде во моментов работи Македонката Тања Петрушевска, пишува порталот astronomija.mk.

Системот на блиски неутронски ѕвезди е важен за астрофизиката бидејќи спојувањето на две неутронски ѕвезди создава гравитациски бранови. Нивното истражување е објавено во престижното списание „Science“.

Кога две ѕвезди се наоѓаат многу блиску, материјалот од едната може да прејде кон другата ѕвезда. Кога масивна ѕвезда има компактен објект за придружник, таа може да изгуби толку многу материја, што комплетно ќе ги тргне нејзините надворешни слоеви, оставајќи ја со голо метално јадро. Ако ова јадро е доволно масивно, ќе колабира во слаба експлозија на супернова и при тоа ќе исфрли малку материја. После ова екплозија остануваат две неутронски ѕвезди кои орбитираат блиску една до друга“, пишува astronomija.mk.

Токму при откривањето на суперновата iPTF14gqr во 2014 година учествувала Петрушевска. Суперновата била откриена во спирална галаксија оддалечена речиси милијарда светлосни години од нас. Откритието било направено од Intermediate Palomar Transient Factory (iPTF).

„За мене, да се биде дел од iPTF значеше пребарување на можни супернови во податоците. Потоа овие можни супернови ги набљудувавме со моќни телескопи низ целиот свет (Хаваи, Канарски острови итн.). После тоа, мојата улога беше да ги процесирам податоците со цел да ги класифицирам суперновите. Откако суперновите кои ги откривавме и ја потврдувавме нивната класа преку нивниот спектар, пишувавме астрономски телеграми за да ја известиме заедницата за овие откритија. Имам напишано повеќе од 60 од овие телеграми, додека за времетраењето на iPTF откривме над 2000 супернови“, вели Петрушевска за astronomija.mk

Целиот текст е достапен на следниот ЛИНК.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail