Македонски студенти во Топ100 од цел свет и Топ10 во Европа на натпревар по програмирање – IEEEXtreme 11.0

slika5.jpg

И оваа година по 11ти пат на 14ти октомври се одржа глобалниот 24-часовен (хакатон) натпревар во програмирање IEEEXtreme, со рекорден број на тимови – 3300 тимови. Во кој учествуваа 12 студенти, односно 4 македонски тима од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и кои се пласираа во Топ100 во светот и Топ10 во Европа.

Тимот „Meme“ составен од Васја Павлов, Давид Симеоновски и Стојан Илиески кои се пласираа со 30то место на глобално ниво и 8мо место во Европа, тимот „CodeMac“ составен од Божидар Стевановски, Кристијан Постолов и Ѓорѓи Јанчески кои се пласираа со 92ро место на глобално ниво и 28мо место во Европа, тимот „Kremenadla“ составен од Горјан Поповски, Никола Анастасовски и Марио Величковски се пласираа со 182 место на глобално ниво и 63 место во Европа, и последниот тим „TheCerealKillers“ составен од Иван Неделковски, Александар Стојановиќ и Марија Трајкова се пласираа со 909 место на глобално ниво и 327 место во Европа.

Од вкупно 3300 тимови (2,516 тима кои се пласираа) ова се одлични резултати за Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како и за Македонската IEEE секција.

Натпреварот беше организиран од страна на Компјутерскиот оддел при Македонската секција на IEEE, а поддржан од страна на Netcetera (воедно и домаќин на натпреварот), NI TEKNARedBull и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Во прилог линк до официјалните резултати.

Извор: finki.ukim.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail