Македонскиот пасош е 47-ми најмоќен во светот за 2020 година

Pasosh-Makedonija-2020-1-702x336-1.png

Според последното рангирање на моќта на државните пасоши, Северна Македонија се најде на 47-мото место, што ја става земјава некаде на средината на табелата во која се застапени вкупно 199 различни светски пасоши според новиот Индекс кој го изработуваат Хенли и Партнерите .

Со македонскиот пасош без виза можат да се посетат 123 држави, а во споредба со минатата година државава има пад од две позиции на глобалното рангирање.

Од регионот најмоќни пасоши имаат Грција (8-мо место) и Словенија (11), а пред С. Македонија се наоѓаат и Бугарија (18), Хрватска (20), Србија (39) и Црна Гора (46 место). Од македонскиот, послаби пасоши имаат Босна и Херцеговина (52 место), Албанија (54) и Косово (99).

На светско ниво азиските држави го преземаа приматот како предводници според силата на пасошите, додека европските пасоши паднаа малку пониско на рангирањето.

Најмоќен пасош во светот има Јапонија, чии граѓани можат безвизно да патуваат во вкупно 191 земја во светот. Во првите пет се наоѓаат и Сингапур, Германија, Јужна Кореја и Финска.

извор радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail