Македонскиот старт-ап “Лаика” од Балканот сака да прави нова Силиконска долина

laika-tim.png

Балканот да стане нова Силиконска долина каде луѓето со дигитални професии и оние кои се занимаваат со технологија ќе ја сакаат својата работа. Ова е визијата на тимот на неодамна лансираниот македонски стартап Лаика (wearelaika.com).

– Лаика е платформа на која професионалците од Tech индустријата можат да најдат работа која навистина ќе ја сакаат, останувајќи 100% анонимни во пребарувањето на работа во Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска. Талентите можат да останат анонимни се додека не добијат понуда која ќе им се допадне, или можат да аплицираат на огласи од компании кои бараат токму такви кадри. Поради анонимноста, Лаика можат да ја користат и оние кои имаат работа во моментот. Талентите ќе можат да ја истражат компанијата и компаниската култура пред да се решат на големиот чекор. Компаниите ќе имаат шанса да ја раскажат својата приказна на автентичен начин за да покажат зошто токму тие се добро место за работење, вели Александра Јанакиевска, коосновач и извршен директор на новиот македонски старт-ап Лаика.

Таа раскажува дека претходно работела маркетинг, а една од главните улоги и била да работи одблиску со компаниите – партнери за вработување за да открие точно какви потреби за кадар имаат во моментот, за потоа да се погрижи студентите да одберат компанија во која би сакале да работат, да подготват добро ЦВ и да се покажат на интервју.

– Омилениот дел од работата ми беше делот кога ќе ми се јави весел глас од другата страна и ќе ми каже дека нашата мисија била успешна и дека сега има нова работа. Почнав да размислувам како можам овој ефект да го имам одеднаш на целиот Балкан, па со многу разработка на моите идеи – стигнав до Лаика, вели Јанакиевска.

Додава дека потоа го направила тимот на Лаика, кој сега брои 12 членови и има за цел е да му помогне на ИТ-секторот да зајакне, бидејќи во моментов има голем потенцијал – но главен проблем се кадрите.

извор: ВЕЧЕР

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail