Македонско-британскиот стартап Cognism собра 3 милиони во нова рунда инвестиции

cognism-e1545306717953.png

Cognism, акцелераторското решение кое на организациите им дава поинтелигентен начин да просперираат, вчера објави дека собрале 3 милиони евра во нова рунда од инвестотори како Oliver Wyman, South Central Ventures, LCIF, Newable и некои други постоечки инвеститори. Ова е уште една успешна рунда од серијата инвестиции на Cognism откако беше основан во 2016 година.

Cognism во 2018 година забележа значителен раст на приходите од 23% месечно. Компанијата бараше капитал за проширување и го избра Oliver Wyman како партнер со цел да ја донесе својата платформа до нивото на претпријатија, како и Ѕouth Central Ventures, кој и понатаму е главен инвеститор во компанијата. Финансиите главно ќе се искористат за унапредување на решението и проширување на понудата во секторот финансиски услуги.

Џејмс Исилеи, извршен директор на Cognism, изјави: „Cognism се шири надвор од интелигентните решенија и ја користи својата патентирана технологија за машинска интелигенција за да ги разбере предизвиците на нивото претпријатија. Со нашите нови инвестиции и соработката со Oliver Wyman ќе можеме да ја пласираме нашата технологија Revenue AI technology на интернационално ниво до најголемите корпорации во светот и така да придонесеме за голем раст на приходите”.

Тој додава дека платформата на Cognism обезбедува совршено следење на податоци и нивна аналитика, од кои потоа може да се направи стратегија за зголемување на приходите на ниво за претпријатија. „Сакаме да ја покажеме оваа наша вредност во секторот и се надеваме дека соработката со Oliver Wyman ќе ни помогне уште побрзо да напредуваме и да продолжиме со силниот раст“ вели Исилеи.

„Нашите клиенти постојано бараат начини да го забрзаат својот раст. Технологијата на Cognism ќе им обезбеди на нашите клиенти динамичен инсајт во базата со клиенти и ќе им овозможи да развијат повеќе таргетирани решенија и да ја подобрат продажбата. Истовремено, технологијата на Сognism ќе им овозможи на нашите клиенти да направат промена во нивната работа. Податоците кои ги обезбедува Cognism на клиентите ќе им помогнат да ги идентификуваат плановите со споредба на детални податоци за корисниците. Датабазата на компанијата се состои од податоци од повеќе од 400 милиони компании и индивидуалци” велат од партнерската компанија Oliver Wyman.

„Возбудливо е да се види колку брзо напредува Cognism и како се проближува до опслужување на клиенти на ниво на претпријатија. Со развојот на нивните производи надвор од решенија за интелигентна продажба со примена на соодветна машинска интелигенција го позиционира Cognism како една од водечките компании на тоа поле. Соработката со Oliver Wyman ќе му овозможи на Cognism да ги унапреди решенијаѕа за подобро да ги адресира потребите на клиентите на ниво претпријатија и така да ги зголеми приходите. Горди сме што го поддржуваме Cognism на ова возбудливо патување“ изјавија од South Central Ventures.

Cognism е акцелераторско решение за крајните корисници кое на организзациите кои се занимаваат со продажба им нуди поефикасен начин за развој. Со своите софтверски решенија Cognism помага да се подобри менаџирањето со корисничките податоци, да се привлечат повеќе поединци и организации со кои може да се соработува и користи вештачка интелигенција за да се препознаат приликите и да се иденфитикуваат трендовите кај корисниците. Cognism е компанија која произведува технологија за паметна продажба која генерира датабази, ги прочистува и ги збогатува, а тоа им помага на тимовите за продажба да обезбедат раст и скалабилност на сите нивоа на продажниот процес. Има седишта во Лондон и во Скопје. Cognism е основан од Џејмс Исилиеи и Стјепан Буљат, а го поддржуваат South Central Ventures, Netcetera, Startup Funding Club, LCIF, Newable, Tsingbay Venture Capital, Tom James, James Hodson и др.

Oliver Wyman е глобален лидери во менаџмент консултанство. Има канцеларии во повеќе од 50 градови во речиси 30 земји. Компанијата комбинира индустриско знаење со специјализирана експертиза за стратегии, операции, менаџирање со ризик и трансформирање на организации. Има повеќе од 5.000 професионалци ширум светот кои работат со клиентите на оптимизација на нивните бизниси, подобрување на операциите и на профилот на ризик, како и на забрзување на перформансите за искористување на најпривлечните прилики. Oliver Wyman е во сопственост на Marsh & McLennan Companies. За повеќе информации посетете ја страницата www.oliverwyman.com.

South Central Ventures (SCV) има канцеларии во Загреб, Белград и во Скопје и инвестира во најактрактивните технолошки компании од Западен Балкан. Фондот Enterprise Innovation Fund, вреден 40 милиони евра, е специјално наменет за инвестиции во рана фаза и за раст. Има за цел да помогне во интернационално ширење на бизнисот и раст на компаниите со најголем потенцијал. За повеќе информации посетете ја страницата www.sc-ventures.com.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail