Македонското вино е најдобриот бренд амбасадор на Македонија

Mundus_Vini_medals_MK_wine.jpg

Македонските винарии ја започнаа успешно 2020та година со овојување на рекордни 42 награди на „Мундус вини“

На овогодинешното пролетно оценување на престижниот натпревар за вино „Мундус вини“ кој по 26ти пат се одржа во Нојштад, Германија во перидот од 18ти до 23ти Февруари 2020 година, 268 експерти за вино од 54 земји оценуваа околу 7.500 вина кои потекнуваат од 45 земји.

Македонските вина забележаа значителен успех со вкупно освоени 42 награди од кои 29 златни медали и 13 сребрени.

Ова преставува своевиден рекорд за македонските вина во освоени награди на поединечен натпревар за вино каде скоро 70% од регистрираните вина од нашата земја се закитија со медал. Со најголем број на освоени награди се закитија земјите од стариот вински свет: Италија, Шпанија, Франција, Португалија и Германија.

Во насока на промоција на винската индустрија од земјата, Здужението „Вина од Македонија“ во рамките на „Мундус Вини“ на 22ри Февруари организираше Мастерклас презентација за македонските вина со фокус на вина од сортата Вранец, пред повеќе од 140 вински судии од цел свет. Овој настан, кој беше и финансиски поддржан од МЗШВ преку Програмата за Рурален развој 2020, беше оценет како една од најдобрите презентации на нашето вино на интернационалните пазари.

На натпреварот, 10 македонски винарии освоија награди меѓу кои:

Винарија Далвина со 9 златни и два сребрени медали преставува најуспешната македонска винарија која покрај освоените 4 златни и 1 сребрен медал за своите линии Hermes, Dioniz  и Ar-Makedon, освои и 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линијата Touch која е приватна  марка за хрватската компанија WINE BUSINESS d.o.o., Zagreb. Имено виното Touch Premium Merlot од берба 2017 беше прогласено и за Best of Show Macedonia.

Винарија Стоби освои 6 златни и 1 сребрен медал пред сè за вината од линијата Private Reserve, а дополнително оваа винарија доби признание и за Best Producer Macedonia.

Винарија Камник се закити со 5 златни и 1 сребрен медал за вината од линиите Ten Barrels, Signature, Winemaker’s selection и Cuvee de Prestige, како и новото вино од линијата Heritage за соратата Каберне Совињнон 2016.

Винарија Тиквеш со освоени 4 златни и 3 сребрени ја продолжи низата на најнаградувана македонска винарија во измнинатите години. Врвните вина од премиум брендот на Тиквеш Tikveš Châteaux & Domaines од Domain Barovo и Domain Lepovo се закитија со златни и сребрени медали, а сребрен медал освои и француското вино Terrasse à l’Ombre 2018 од Château de Gourdon која е под истиот бренд.

Винарија Попов исто така се најде на листата на наградени винарии со освоени 2 златни и 2 сребрени медали. Со златни медали од оваа винарија се закитија Vrshnik Pinot Gris 2018 и Cuvée Prestige од берба 2017. По еден златен медал освоија вината од винариите Венец, Сопот и Лазар, а со сребрени медали се закитија и 3 вина на Винарија Бовин и 2 вина на Винарија Имако.

Радува фактот што 15 вина од македонските вина се со освоени награди за 100% вино од соратата Вранец, а 10 вина се купажи од  Вранец со други сорти. Вранецот е соратата на вино преку која македонските винарии и Здружението Вина од Македонија го градат брендот и имиџот на македонското вино на интернационалните пазари. Нашата земја располага со најголеми површни на лозови насади кои достигнуваат скоро 11.000 хекари, што преставува близу 40% од вкупниот број на лозови насади во нашата земја.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail