Мал број на лица со посебни потреби завршуваат високо образование

lica-so-posebni-potrebi-obrazovanie.jpg

Според информациите со кои располага тимот на проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“ кој е поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп, во 2015 година само 49 лица со хендикеп завршиле високо образование, 5 станале магистри, а не е забележан ниту еден случај на успешно завршени докторски студии.  И покрај фактот дека школувањето во Македонија за лицата со прв и втор степен на инвалидност е бесплатно и истото е покриено од Буџетот на Република Македонија бројките на лица кои завршуваат соодветно образование е исклучително ниска.

„Законот за високо образовниот процес на студентите со посебни потреби им овозможува низа на поволности и олеснувања за студирање како што се бесплатна партиципација, право на редовно студирање, користење на сите услуги утврдени според студентскиот стандард и многу други но и покрај овие позитивни страни сепак бројот на лица кои се образуваат е доста низок. Знаејќи дека високото образование го трасира патот до побрзо вклучување на пазарот на трудот, очигледна е потребата од поголем интерес на надлежните за оваа состојба и превземање на конкретни мерки“, укажуваат од проектниот тим.

Доказ дека можеме подобро се и позитивните практики кои ги следат земјите членки на ЕУ кои подразбираат: 100% генерална обврска од земјите членки на ЕУ за прилагодување на училиштата и образовните установи според потребите на лицата со посебни потреби. 94.7% од државите членки на Европска Унија имаат прилагодувања согласно со специфични барања кон лицата со посебни потреби.
Превземањето на оваа мерка подразбира и логистичко архитектонски промени на универзитетите, поголема достапност и прифаќање од професорите и образовните институции и намалување на психолошките бариери.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail