Малите деца да не си играат со мобилни телефони – Тие се канцерогени и предизвикуваат пречки во развојот

mobilni.jpg

Мобилните телефони веќе се насекаде во современиот живот. Тие го олеснуваат нашиот живот, но континуираната употреба може да е штетна за бебињата и малите деца, предупреди британски експерт, цитиран од весникот Мирор.

Мобилните телефони создаваат електромагнетно поле, а тоа се смета за канцерогено и предиспонирачки кон нарушувања во развојот. Бебињата и малите деца се особено чувствителни кон него, бидејќи ткивата им се различни од оние на возрасните – тие имаат повеќе вода. Затоа и полесно ги апсорбираат радио брановите, објасни д-р Филип Чедвик.

Од друга страна децата се ситни по раст. Така апсорбираат помалку радио бранови.

Предупредувањето важи „во рамките на границите на безбедноста“ и за телефоните кои се во близина на телото на детето, а не за базни станици или вај-фај. Меѓу барањата за безбедност на современите телефони има и специјално формулирани за мали деца, пишува изданието.

Многу од ефектите на мобилни телефони уште се истражуваат. Резултатите од различните трудови се контрадикторни. Бидејќи мобилните телефони се користат веќе 30 години Според д-р Чедвик, ако имаше реална закана од нив за човековото здравје, таа веќе ќе беше евидентна.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail