Mалта: Островска држава чиј пасош станува нов статусен симбол меѓу богатите луѓе

malta.jpg

Како еден од трендовите што во моментот важи за статусен симбол меѓу богатите во целиот свет е да се поседува пасош од островска држава што ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море.

Станува збор за шармантна медитеранска дестинација која нуди уникатни плажи, убаво време и релаксиран начин на живеење, па затоа е една од најпосакуваните локации меѓу богатите, кои масовно аплицираат за нејзиниот пасош.

Пасошот на Малта, која е дел од Европската Унија, дава привилегија за безвизно патување во 182 земји.

Покрај тоа, Малта не наметнува даноци за приход, подвижен и недвижен имот и наплаќа само 15 отсто данок за парите венесени во земјата.

„Доколку имате јахта и два авиона, следно нешто што ви треба е пасош од Малта“, вели Кристијан Калин, директор на компанијата Henley & Partners.

„Се работи за најновиот статусен симбол. Имаме клиенти што во својата колекција сакаат да имаат пасоши од разни земји“, објаснува тој.

Малта е една од 10-те земји во светот што им овозможува на странците да купат државјанство, поточно да вложат пари и да придонесат за развој на земјата во замена за државјанство.

Интересно, пасошот на Малта е поевтин од австрискиот или кипарскиот пасош за речиси еден и пол милион евра и чини само 1,25 милион евра.

Акцијата „Купи пасош“ привлекла најмногу руски богаташи, а Малта донесе повеќе од 700 инвеститори и 960 милиони евра.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top