Дали сте знаеле дека Руанда има најголем број на жени во Парламентот? Или дека Норвежаните се најголемите потрошувачи на пица во светот?
Дејвид Мекендлс состави мапа на светот која покажува во што е најдобра секоја земја, а информациите дефинитивно ќе ве изненадат!
За креирањето на оваа интересна мапа, Мекендлс собрал податоци од релевантни извори како што се Светската Банка и Обединетите нации, а самата мапа е поделена во девет категории – комодитет, психологија, екологија, гастрономија, економија, љубезност, хуманост, технологија и грдотија.
За жал, многу малите земји како Македонија не се вклучени во ова истражување, но од друга страна, и онака нема категорија споменици. :) Погледнете ја оваа интересна мапа, сигурни сме дека информациите ќе ве изненадат!
Северна Америка
Јужна Америка
Европа
Азија
Африка