„Марихуаната помага во лекувањето“

marihuana.jpg

Институтот за медицина во Колумбија ја потврди терапевтската вредност на марихуаната. Последното истражување на научниците преку најновиот извештај покажа дека употреба на марихуаната наоѓа широка примена во лекувањето или намалувањето на тегобите на одредени болести.

-Научните податоци укажуваат на потенцијалната терапевтска вредност на канабиноидните лекови, првенствено ТХЦ, за ослободување од болка, контрола на гадење и повраќање. Но, пушењето на марихуана сепак, може да предизвика влез на штетни супстанции во организмот, стои во извештајот.

Канабиноидите помагаат и во лекување на анксиозност и имаат седативно дејство.

Понатамошните истражувања покажале дека марихуаната е ефикасна во ослободувањето на некои симптоми на ХИВ / СИДА, рак, глауком и мултиплекс склероза.

Вкупно 29 држави, меѓу кои и Колумбија овозможуваат сеопфатна продажба на медицинска марихуана и применуваат програми за канабис. Додека пак 17 држави дозволуваат употреба на “ниски TХЦ производи со високи канабидиоли ” од медицински причини во ограничени ситуации или како правна заштита. Овие програми не се сметаат за сеопфатни медицински програми за марихуана.

На почетокот на 2017 година, Националните академии на науки, инженерство и медицина објавија извештај базиран на преглед на повеќе од 10.000 научни апстракти од истражување на здравјето на марихуаната. Исто така, направија 100 заклучоци поврзани со здравјето и предложија да се подобри едукацијата и истражувањето на марихуаната.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top