Мариса Мејер си оди од Yahoo, компанијата ќе добие ново име

marissa-mayer-e1484054320174.jpg

Директорката на интернет-гигантот Yahoo, Мариа Мејер, која во компанијата ја доведоа од конкурентот Google, по четири и пол години на кормилото на компанијаѕа го најави своето заминување, а во каква ситуација е сега компанијата сведочи податокот дека Yahoo по нејзиното заминување ќе престане да постои под тоа име.

Ова вчера го потврдија од компанијата и ги опишаа своите планови за преземање на компанијата од страна на телекомуникацискиот гигант Verizon. Освен Мејер по финансиската трансакција управата ќе ја напушти и соосновачот на Yahoo, Дејвид Фило и уште четворица други членови, а новото име на компанијата по комплетирањето на преземањето од страна на Verizon веројатно ќе биде Altaba.

Кога Мејер дојде во Yahoo во 2012 година се чинеше дека живна интернет-гигантот. Компанијата почна со скапи преземања, меѓу кои и Tumblr, стартуваа нови проекти, за што беа ангажирани и некои звужни имиња. На крајот сето тоа се покажа плодоносно, но последните неколку месеци протекоа информации за хакерски напади на компанијата, кои се оценуваат како најголеми во историјата на Интернетот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail