Марк Цукерберг си ја зеде дипломата од Харвард – 12 години подоцна!

0525_zuckerberg-grad-ap-e1495953634407.jpg

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг беше еден од групата на луѓе кои го оставиле факултетот, а станале милионери откако создале свои технолошки компании како што се и Бил Гејтс и Стив Џобс.

Но 12 години откако го напуштил Харвард со цел да работи во Facebook со полно работно време, Цукерберг се врати за да си ја подигне дипломата. Во 2004 година тој ја креираше компанијата во својот интернат која тогаш го носеше името The Facebook. Сервисот на почетокот бил достапен само за студенти на Харвард, па потоа стана достапен и за останати студенти кои студираат на универзитети во престижната Ivy League.

Откако си ја подигна дипломата, Цукерберг објави фотографија на социјалната мрежа со своите родители. Покрај тоа, тој одржа и говор за студентите кои дипломираат годинава на Харвард.

CaptureДополнително, Цукерберг ја посети и собата во интернатот каде заедно со коосновачите Дастин Московиц, Едуардо Саверин, Ендру Меккалум и Крис Хјус ја креирале познатата социјална мрежа. Најавил дека кога ќе го одржи говорот пред студентите ќе сподели што се научил за својата генерција како и за светот кој го градат заедно.

Откако компанијата била префрлена во Калифорнија, Марк Цукерберг останал запишан како студент на Харвард, кога официјално се откажал во ноември 2005.

Неговата диплома со пофалби пристигна 12 години подоцна, што е временски помалку од она што му беше потребно на Бил Гејтс да си ја подигне својата диплома. Гејтс заминал од Харвард за да ја основа компанијата Microsoft во 1975 година, а се врати по својата диплома во 2007 година.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail