Марс ќе дојде најблиску досега до Земјата

mars.jpg

Марс и Земјата ќе се доближат повеќе отколку што биле последните 15 години. Феноменот познат како приближување на Марс ќе им овозможи на луѓето да можат да ја видат Црвената планета со голи очи, пишува The Independent.

За НАСА, пак, ова е совршена можност да го искористи малото растојание и да испрати истражувачки мисии на Марс. Токму затоа мисиите на НАСА на Марс се планираат на секои две години, затоа што на толкав период се случува приближувањето на планетата која се гледа како спас за човештвото во случај на некоја катастрофа.

Овој пат вселенската агенција ќе ја лансира мисијата InSight, која треба да пристигне на планетата подоцна годинава. Но, и луѓето на Земјата ќе можат убаво да ја видат Црвената планета. Блиската средба овозможува несекојдневна глетка – ќе може да се видат детали на планетата преку телескоп.

Сепак, планетата нема да се гледа толку голема како што тврдат некои луѓе. Секогаш кога се случува вакво приближување се шират дезинформации дека Марс ќе изгледа толку голема колку Месечината, Но, тоа никогаш не се случува. Освен тоа, доколку се случи, Земјата дефинитивно ќе биде во голема неволја бидејќи гравитациската сила меѓу Марс, Земјата и Месечината ќе биде премногу силна. Всушност, Марс никогаш не се приближува на оддалеченост помала од 33,9 милиони милји, односно 54,5 милиони километри.

Овој феномен се случува затоа што ни Марс ниту Земјата немаат совршено тркалезни орбити. Наместо тоа, тие се движат околу Сонцето по патеки со јајцевидна форма, а тие орбити некогаш може и да се променат поради поголемите планети во сончевиот систем. Бидејќи е јајцевидна, во две точки планетите се најоддалечени, а во две се најблиску една до друга. Годинава најблиската средба на двете планети ќе се случи на 31 јули.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail