ozon.jpg

Озон има потреба од машински инженер – кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе се стекне со можност за обука и вработување како конструктор за изработка на техничка документација за производство на машини и производи за климатизација и други производи.

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Студент или Завршен Машински Факултет – ќе се смета за предност

  • Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност

  • Познавање програми за 2Д и 3Д цртање – “Autocad”, Autocad Inventor” или “Solidworks”

  • Познавање програми за работа на компјутер –и други

  • Солидно познавање англиски или германски јазик

  • Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата

    За следниве работни задачи

  • Водење планови за производство, изработка на листи, обука за работа во “ софтвер, пратење на производствен тек, извршување работни задачи од претпоставени

  • Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство

  • Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во краток временски рок, во смени и во различни денови од неделата

  • Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди

  • Организација и архивирање документација за тековната работа

  • Изработка на извештаи

  • Примена и реализација на современи решенија и технологии

  • Контрола на квалитет

    Се добиваат следниве услови за работа

  • Редовни примања во текот на практикантската работа

  • Вработување на неопределено време за избраните квалитетни кандидати

  • Можност за обука и стекнување нови знаења

  • Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања

  • Награди за квалитетно извршување на работните задачи

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail