Машински техничари во одржување

titan.png

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на:

1) Машински техничари во одржување – 3 (три) извршители

Машинскиот техничар во машинско одржување ќе биде задолжен за извршување на браварски активности (сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично) на машинската опрема која се користи во производниот процес.

Примарна цел на машинските техничари е да извршуваат ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата во работни услови и за време на ремонт како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност. Се грижи за исправноста, контролата на состојбата и правилно ракување со алатот, како и за чистотата и уредноста во погонот. Се грижи за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на експлоатација. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Основната плата за работното место е од 18.800  денари.

Квалификации на кандидатите:

  • ССС/IV степен на стручна подготовка, машински техничар
  • Работно искуство во одржување од најмалку 1 година, ќе се смета за предност
  • Лиценци за заварување, користење вилушкари, работа на височина ќе се сметаат за предност
  • Познавање на работа на компјутер, ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

Конкурентски предности:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо

2. Биографија (CV)

3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопјеhttp://www.usje.com.mk

каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail