Телескопот Хубел забележал исчезнување на супермасивна ѕвезда одалечена 22 милиони светслосни години од Земјата.
Вакво нешто до сега не се случило и потполно го менува начинот на кој научниците го разбираат настанувањето на црните дупки.
Ѕвездата која е 25 пати поголема од Сонцето се наоѓа во друга галаксија и во 2007 е јасно воочена од телескоп, но во 2015 целосно исчезнала. Астрономите сметаат дека таа се претворила во црна дупка.