Mасла кои не треба да ги употребувате додека се сончате

masla.jpg

Многу од нас за да добијат бронзен тен на плажа, ќе земат некое домашно етерично масло во замена на скапи креми, но експертите предупредуваат на бројните опасности кои ги носат таквите масла.

Кантарионовото и маслиновото масло не ја штитат кожаата од штетните УВ зраци

Користиме разни етерични масла, а во лето тие се скоро забранети за употреба. Важно е да се нагласи дека кантарионовото масло не смее никако да се става пред излегување на сонце, т.е. ако се намачкате, мора да поминат барем 24 часа за да можете да се изложите на UV зрачењето за да бидете сигурни дека нема да добиете непосакувани нус појави.

Скоро истото важи и за маслиновото масло кое има фантастичен ефект на кожата, ја влажни и ја прави еластична, но тоа нема да ве заштити од ултравиолетовите зраци. Многу често маслиновото масло може да предизвика изгореници кои со често повторување предизвикуваат трајни оштетувања на нашата кожа – како хиперпигментација, соларна кератоза или рак на кожата.

Примената на крема со висок заштитен фактор е исклучително важна за здравјето на кожата

Токму поради тоа треба адекватно да се заштитите со крем со заштитен фактор кој ви одговара.

„Ултравиолетовите зраци предизвикуваат промени во дермисот на кожата и се главни причинители на фото-стареењето. Во последните 20 години, истражувањата потврдиле дека UVA зрачењето исто така предизвикува и оштетување на станици во базалниот слој на епидермисот и денес се смета дека UVA може да допринесе или предизвика карцином на кожата.“

Примената на крема со висок зашититен фактор е важна за сите, а особено е значајна за луѓе кои имаат посветол ден и чија кожа секогаш гори при изложување на сонце.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail