МАСОВНА ОНЛАЈН ЖУРКА:„Facebook messenger“ доби опција која сите ја посакуваа!

20161223181104.jpg

Никој не може да биде со екипата истовремено на неколку места, но најпопуларната социјална мрежа Фејсбук реши и тоа да го овозможи со помош на нови опции во месинџерот.

Во видео четот месинџер сега нуди видео разговорница за до 50 корисници одеднаш. Како што речиси беше невозможно да се контролираат и следат толку луѓе, веруваме дека секое бројно видео чет ќе биде вистинска лудница од забава.

Кога разговарате и гледате со до шест луѓе ќе можете да ги видите сите на својот екран кој се дели на еднакви целини, а кога го достигне бројот на шест учесници во видео разговорницата ќе имате можност да видите активен соговорник или преку сликичка да изберете кој ќе гледате, објави Фејсбук на својот блог.

Овој новитет е само дел од новогодишната понуда на месинџер апликациите со кои ќе може да користите маски, филтери, 3D приказ, проширена реалност и други нови опции.

Месинџер надградбата е достапна на Android, iOS и десктоп верзија на апликации за Window.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top