Математика и комуникација, клучни вештини кои ќе се бараат во иднина!

future-jobs.jpg

Модерното работно место, каде што луѓето менуваат улоги и проекти ќе личи на училници за деца од предучилишна возраст каде што ќе се учат и социјални вештини, како емпатија и соработка

Дали роботи би можеле да ја вршат вашата работа? Милиони луѓе кои не мислеле дека автоматизацијата ќе им го земе изворот на приходи се увериле во тоа на тешкиот начин. Одговорот е ДА, може да ја работат вашата работа. Истражувањето „Иднината на работата“ на Светскиот економски форум предвидува дека до 2020 година ќе се изгубат 5 милиони работни места поради вештачката интелигенција, роботиката, нанотехнологијата и други социо-економски фактори.

Добрите вести се дека тие технолошки напредоци истовремено ќе креираат 2,1 милиони нови работни места, но рачните и услужните дејности веројатно нема да ги поседуваат потребните вештини за да бидат конкурентни за новите работни места.

Повеќето нови работни места ќе бидат во специјализирани области како компјутерска технологија, математика, архитектура и инженерство. Владите и работодавците во секој сектор мора повторно да ги обучуваат работниците за да избегнат кризи.

„Без итни мерки за да се менаџира со транзицијата и да се креира работна сила со вештини потребни за иднина владите ќе мора да се справат со невработеноста и нееднаквоста и бизнисите да се справат со намалувањето на корисничката база“, велат од Светскиот економски форум.

Значи, кои вештини ќе им требаат на работниците за да држат чекор со четвртата индустриска револуција? Некои ќе се изненадат дека вештините кои се развиваат во предучилишна возраст високо ќе бидат ценети. Меките вештини како споделувањето и преговарањето ќе бидат суштински. Модерното работно место, каде што луѓето менуваат улоги и проекти, ќе личи на училници за деца од предучилишна возраст каде што ќе се учат и социјални вештини како емпатија и соработка. Заедно со тие меки вештини ќе биде навистина корисно да знаат математика.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail