Матијас Енар: Предавање на тема „Животниот пат на еден писател и неговите омилени автори“.

Untitled-1.png

Францускиот институт во Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје имаат чест да ве поканат на книжевна средба со еден извонреден француски писател, којшто има екслузивно гостување во Македонија.

Во вторник, 16 октомври 2018 год., со почеток во 10 часот, на Катедрата за француски јазик при Филолошкиот факултет во Скопје авторот Матијас Енар, добитник на најпрестижната француска книжевна награда Гонкур во 2015 година, ќе одржи предавање на тема „Животниот пат на еден писател и неговите омилени автори“.

Настанот е од отворен карактер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail