„Матната вода најдобро се чисти кога ќе ја оставите на мира“

matnata-voda-najdobro-se-cisti-ako-ja-ostavite-na-mira-top-10-citati-na-alan-vots-1-2.jpg

Алан Вотс се смета за еден од најпознатите толкувачи на источната филозофија за Западот. Тој има неверојатен и неопислив начин за пишување на непишаното.

Покрај сите квалитети што ги поседувал, овој голем писател и говорник, поседувал и единствена дарба за изразување на сложени мисли во многу едноставна форма.

Едноставниот начин на кој ги прикажувал и изразувал своите мисли му даваат можност да допре и да биде разбран од огромен број луѓе.

Ова се дел од неговите најпознати мисли:

1. Човекот пати само затоа што сериозно го сфаќа она што боговите го создале за забава.

2. Матната вода најдобро се чисти кога ќе ја оставите на мира.

3. Да се има доверба значи да ѝ се верува на водата. Кога пливате вие не ја фаќате водата и не ја држите со рацете, бидејќи ако го направите тоа, ќе потонете и ќе се удавите. Наместо тоа опуштете се и лебдете по неа.

4. Колку повеќе една работа тежнее да биде трајна, толку повеќе тежнее да биде безживотна.

5. Нештата се такви какви што се. Ноќе, гледајќи кон вселената, ние не правиме споредба меѓу добрите и лошите ѕвезди, ниту меѓу добро и лошо распоредените ѕвезди.

6. Никој не е толку луд како оној кој е трезвен: тој е како челичен мост без флексибилност, а редот во неговиот живот крут и кршлив.

7. Ние нe доаѓаме НА овој свет, ние доаѓаме ОД него, како што листовите доаѓаат од дрвото.

8. Без раѓање и умирање и без трајни промени на сите форми на живот, светот би бил статичен, без ритам, без танц и мумифициран.

9. Само зборовите и правилата можат да нè издвојат од целосно недефинираното нешто кои означува СÈ.

10. Проблемите кои упорно остануваат без решение треба да бидат означени како прашања поставени на погрешен начин.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail