Матуранти од СОУ „Јосип Броз Тито” и СОУ „Таки Даскало” од Битола го посетија УТМС

ac8c4c7e95683fd75a9769fc58545bcd_XL.jpg

Во функција на апликативно промовирање на предностите за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, матуранти од СОУ „Јосип Броз Тито” и СОУ „Таки Даскало” од Битола го посетија универзитетот при што остварија средби со деканите и професорите со кои разговараа за условите и можностите за студирање.

Воедно преку мултимедијална презентација им беше претставена апликативноста на платфотмата Е-студент и Е-библиотека, примената на дигиталната технологија во процесот на учење, ентериерот на предавалните и амфитеатарот.

За време на посетата матурантите присуствуваа на предавања по предметот Бренд менаџмент и Семејни бизниси со цел претставување на методологијата на студирање. Во непосредната комуникација со вработените и студентите, матурантите го искажаа големото задоволство и импресиите од атмосферата на УТМС како и од современите услови за студирање. Дел од матурантите донесоа одлука да студираат на УТМС.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail