Матурантите од СУГС „Никола Карев” во посета на УТМС

60c5a82a5d8d437e02c9198b3b620585_XL.jpg
Во рамките на кампањата за успис на нови студенти на УТМС беше одржана апликативна промоција на предностите на студирање пред матурантите од СУГС „Никола Карев”. За време на посетата на универзитетот матурантите остварија средби со деканите, професорите и другите вработени од кои добија информации за факултетите за кои беа заинтересирани.
Воедно беа присутни на предавања на кои ја препознаа методологијата на студирање, примената на дигиалната технологија во процесот на учење како и ентериерот на предавланите и амфитеатарот.
Во непосредната комуникација со вработените и студентите, матурантите го искажаа големото задоволство и воодушевување од атмосферата на УТМС како и од современите услови за студирање.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail