Матурантка од Неготино го продава својот роман за помош на болната другарка

maturantka.jpg

Матурантката Елена Филева од Неготино ќе ги донира средствата од продажбата на својата втора книга ,,Камо денес да беше вчера’’ за помош на нејзината сограѓанка Драгица Иванова, која боледува од церебрална парализа.

Хуманитарната продажба на романот на Филева ќе се случи во сабота, со почеток во 13 часот на градскиот плоштад во Неготино.

,,Со Драгица се запознав неодамна, и многу ме трогна нејзината животна судбина. Таа живее со родителите и помалото братче, кое исто така има церебрална парализа. Неодамна имаше операција, но е полна со живот и многу сака да се дружи, и покрај сите препреки што ги има во животот. Утре е нејзиниот роденден, па сакав да и го честитам на мој начин, со продажбата на романот, и се надевам дека хуманите граѓани ќе излезат во голем број и ќе помогнат да се соберат што повеќе средства. Инаку, и за операцијата што таа ја имаше, помогна хуманоста на граѓаните, кои што несебично донираа’’ – раскажува Елена.

Повеќе прочитајте ТУКА.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail