Медицински текстови од 16-ти век откриваат бизарни сфаќања за телото

18ti.jpg

Пред 500 години астрологијата, суеверието и народните приказни во голем дел влијаеле на медицинската пракса во Европа, а благодарение на ренесансата биле добиени нови знаења преку научни експериментирања.

Fasciculus medicinae издадена во 1500-тите е популарна колекција трактати кои циркулирале од 1491 до 1522 и кои биле постојано надградувани со нови информации од докторите. Пет сочувани копии сега се сопственост на њујоркшката медицинска академија и ни овозможуваат да погледнеме назад во овој фасцинантен период кога почнала да цвета научната рационалност, но луѓето сè уште верувале во Божја казна или дека Евреите ја предизвикале Црната чума.

Оригиналното издание било објавено во Венеција во 1491, и во него има 6 илустрации со латински текстови.

Во првата секција на оваа колекција има дијаграм со шарени ампули со урина каде се советува како да се дијагностицираат разни болести на основ на нијансата, мирисот, па дури и вкусот на урината на пациентот.

На други илустрации, пак, прикажани се водич во анатомијата на вените и артериите, Зодијачки прирачник кој секој астролошки знак го поврзувал со некој дел од телото и дијаграм на трудна жена со секција за гинекологија, акушерство, сексуалност и репродуктивни пореметувања. Потоа следи приказ на тело на маж кое е избодено, удирано и полно со рани предизвикани од многу оружја, наречен „Човекот со рани“, а како што сугерира насловот, оваа секција се фокусирала на начинот на лечење на овие повреди. Последната илустрација наречена „Човек со болести“ е опис на разни пореметувања и болести и начини како да се третираат.

Подоцните изданија кои од латински биле преведувани на разни европски јазици вклучувале уште трактати кои биле одново илустрирани, а по околу 20-тина години текстовите веќе не се продавале толку добро бидејќи на располагање биле возбудливи и нови текстови со попрецизно и пореално медицинско знаење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail