Медицинскиот факултет распиша 104 специјализации

medecinski-fakultet.jpg

Предвидени се специјализации за четворица абдомeнални хирурзи, анестезиолози и гинеколози, 5 интернисти…

Медицинскиот факултет во Скопје на 11 јануари распиша јавен оглас за пријавување кандидати за 104 специјализации и 8 супспецијализации за 2018 година.

Во вкупната бројка се предвидени специјализации за четворица абдомeнални хирурзи, исто толкав број анестезиолози и гинеколози, 5 интернисти, тројца кардиолози, инфектолози и трауматолози, шест нефролози… Конкурсот за пријавување кандидати за специјализанти е објавен пред да бидат донесени измените на Законот за здравствена заштита, кои се подготвуваат подолг временски период. Од Здружението на лекари-специјализанти не беа достапни за коментар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top