Медицинско чудо – Се разбудила после 7 години кома

chudo.jpeg

Даниела Ковачевиќ (25) од Инџија во Србија била во кома седум години. Сега таа ги изненади сите лекари во клиниката во Германија  и се разбуди.

Никој не бил посреќен од 7- годишната Марија. Додека нејзината мајка била во кома секој ден таа,и цртала, пеела и рецитирала во надеж дека еден ден, нејзината мајка навистина ќе се разбуди.

Фотографиите кои ги објави Фејсбук страница „Unterstutzung„ зборуваат погласно од зборовите за љубова на мајка и ќерка.

Даниела после породувањето се здобила со тешко труење на крвта а докторите морале да ја реанимираат половина час, па откако успеале да ја вратат таа паднала во кома.

По три дена таа ги отворила очите, но сеуште била во така наречена „Будна„кома, можела да оди со помош на асистен да стисне тупаница, но не повеќе од тоа, таа не била свесна за околината.

Сега после толку време Даниела ги изненадила сите лекари и се разбудила од кома.

Овој напредок е резултат на долгогодишно физичка и говорна терапија, кој ја стимулира функцијата на мозокот, лекарите велат дека се задоволни со фактот дека Даниела може да држи  таблета и пенкало во рака, и да седне и да види разговор. Дури,велат дела е во можност да оди и до 800 метри, што е исто така големо достигнување.

Но таа сеуште е далеку од целосно закрепнување

– Тековниот Третманот трае три месеци, што е многу малку. Човекот кој ќе скрши рака се опоравува најмалку три месеци, замислете колку ќе требаза мојата ќерка да биде добро  – рекол таткото на Даниела Ѓорѓе.

Весна и Ѓорѓе Ковачевиќ секој ден се заедно со својата ќерка. Татко на девојчето ги оставил, и сега тие имаат старателство над Марија.

Еден третман кошта 60.000 евра но се снаоѓаме како знаеме, ни помагаат роднини и пријатели а и луѓе од целиот свет,могу пари се потребни и за лекови но највеќе одат за пелени зошто треба да се менуваат секој три саата -рекла мајката Весна

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail