Меѓународна конференција за нови технологии во образованието

133564243.gif

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу од 9 до 11 февруари присуствува на меѓународна конференција „Нови технологии во образованието“ во Белград, организирана од Британскиот совет.

Како што информира Министерството за образование и наука, на настанот присуствуваат сите министри од регионот и се дискутира за трендовите и достигнувањата на новите технологии во образованието на сите нивоа,  за разменување на искуствата во оваа област од развиените  земји и за  политиките на образовните реформи на земјите.

Во рамки на конференцијата се одржува и саем на достигнувањата во областа на ИТ технологиите. На саемот учествуваат над 50 компании од информатичките технологии и  образовните институции со најновите достигнувања во регионот и пошироко.

Министерот Лутфиу во рамки на конференцијата се сретнал и со директорката за образование и наука на Британскиот совет Џо Беал, со која меѓу другото разговарале и за можноста еден ваков настан да се одржи и во Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail