Меѓународна конференција за предизвиците и перспективите во управувањето на јавниот сектор

Megjunarodna-konferencija-za-predizvicite-i-perspektivite-vo-upravuvanjeto-na-javniot-sektor.png

Меѓународна конференција за предизвиците и перспективите во управувањето на јавниот сектор

Факултетот за современи општествени науки во соработка со Институтот „Макс ван дер Штул“ на Универзитетот на Југоисточна Европа, на 4 -5 мај 2018 година организираа меѓународна конференција на тема „Управување на јавниот сектор: Предизвици и перспективи“.

Конференцијата се одржа на Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

„За Универзитетот на Југоисточна Европа , конференциите од овој вид се предизвик за да се достигнат модерните трендови во управувањето и планирањето на управувањето, така што вашиот придонес ќе биде од помош на нашата подготвеност за да се постигнат позитивни ефекти во многу важната димензија која нашиот универзитет ја има кон општеството во приближување и афирмираање на најдобрите меѓународни искуства на управувањето“, рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика.

„Република Македонија во најновиот Извештај за напредокот од Eвропската комисија доби позитивни оцени и безусловна препорака за добивање датум за почеток на преговорите за полнопрвно членство во ЕУ како резултат на неуморната работа на јавната администрација“, рече претседателот на Собранието на Македонија, г. Талат Џафери. Тој истакна дека овие реформи се наменети за благосостојба на граѓаните и за да се создадат пристоен живот и услови за работа.

Министерот за информатичко општествои администрација во Владата на Македонија , г. Дамјан Манчевски, ги презентираше податоците за бројот на институции и вработени во јавната администрација, истакнувајќи ја важноста од имплементацијата на реформите. Тој рече дека Македонија е единствена земја во регионов која има подготвено стратегија за реформите во администрацијата.

Сите овие реформи нема да имаат смисла без дигитализација на администрацијата. Ние нема да ги носиме граѓаните во институциите туку ќе ги донесеме институциите поблиску до граѓаните , рече министерот Манчевски.

Проректорот за кадемски работи на УЈИЕ , проф.д-р Лејла Абази Беџети ја истакна важноста која Универзитетот ја има за општеството.

„Од основањето УЈИЕ е посветен да ѝ помага на администрацијата и за таа цел е основан Факултетот за јавна администрација“, рече проректорот Абази.

„ Како амбасадор на Словенија во Македонија јас имам блиска соработка со Факултетот за современи општествени науки и со Универзитетот на Југоисточна Европа и неколкупати учествува во активностите кои се организираат тука“, рече амбасадорот на Словенија Милан Јазбец. Во однос на темата на конференцијата, амбасадорот Јазбец рече дека за да може да функционира соодветно администрацијата, не треба да има политичко мешање.

Претставникот на УСАИД на конференцијата г. Едвард Гонзалес рече дека се чувствува привилегиран што е присутен на УЈИЕ и на оваа важна конференција.

„Ние сметаме дека функционална и демократска администрација треба да има принцип на инклузивност, ефикасност и транспарентност “, рече Гонзалес.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top