Mеѓународна конференција за регионални ривалства и безбедност во Западен Балкан

picture1578.png

Од 25 до 27 септември Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во соработка со Институтот за градење мир & човекови права од Универзитетот во Колумбија и Универзитетот во Антверп во Струга ја организираа конференцијата на тема „Регионални ривалства и безбедноста во Западен Балкан“.

 

На оваа конференција беа присутни реномирани научници од Македонија и од регионов но исто така и од земјите на ЕУ и од САД. Конференцијата ја отвори ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика кој ги поздрави учесниците и изложи свои забелешки за темата.

На конференцијата претседаваа претставници од трите Универзитети: проф.д-р Блерим Река од Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Дејвид Филипс од Универзитетот во Колумбија и проф.д-р Том Соер од Универзитетот во Антверп.

Конференцијата беше организирана во три панел-дискусии.

Првата панел-дискусија беше фокусирана на темата „Помеѓу незавршениот мир и помирувањето и ЕУ и НАТО интеграцијата“. Во текот на првата панел-дискусија, Дане Талески, советник на премиерот на Република Македонија за надворешни работи, проф.д-р Ханес Свобода, претседателот на Институтот за мир во Виена, Ема Хакала од Универзитетот во Хелсинки, ги образложија своите теми и се овозможи конференциска врска преку Скајп со Кинг Пол од седиштето на НАТО.

Во втората панел дискусија – „Помеѓу Западот и Русија: геополитички промени и ефектите на Балканот“, Метју Родс од Центарот Џорџ С. Маршал, проф. Фатос Тарифа, ректор на Универзитетот Њујорк во Тирана и проф.д-р Јан Мус од Универзитетот Витсула ги образложија своите теми.

Последната панел-дискусија беше фокусирана на „Влијанието од Турција на Балканот“. Во текот на панелот, проф.д-р Дејан Јовиќ од Универзитетот во Загреб, проф.д-р Арлинда Рустеми и Наим Рашити од Балканската истражувачка групација во Приштина ги образложија своите теми.

Том Соер истакна бидејќи Западен Балкан сака да се интегрира, ЕУ треба да продолжи со напорите за интеграција.

Метју Родс рече дека има странски влијаниа на земјите од Западен Балкан и треба да се вложат напори да се минимизираат овие влијанија.

Ханес Свобода рече дека секогаш постојат алтернативи. Тој рече дека треба да има политичка интеграција на земјите од Западен Балкан и се чека подобрување. Г-дин Свобода отвори дискусија за прашањето: Доколку нема интерес на страната на ЕУ да се интегрираат земјите од западен Балкан што би се случило тогаш? Тој е застапник на идејата за анализирање на различни мислења и презентирање на овие опции на луѓето.

Дејвид Филипс рече дека во тек на конференцијата имаше идентификувани цели како соработката и интеграцијата, истакнувајќи дека тие се даваат според заслуга а не на сите. Поради ова треба да се исполнат критериуми. Тој дополни „ние сакаме да се интегрираат земјите од Западен Балкан, но тие имаат проблеми и политички проблеми, како што е странското влијание кое треба да се реши“. Проф. Филипс рече дека оваа конференција не треба да заврши тука, но треба да се организира во поширок формат и во некоја Европска држава упатувајќи ги овие теми на места каде што би имале посилно влијание.

Крајните забелешки ги направи проф.д-р Блерим Река кој истакна три елементи:

Треба да има општ консензус дека интеграцијата е стратегиска цел за земјите од Западен Балкан и од регионов.

ЕУ треба да продолжи со политиката за пристап за членство на земјите од Западен Балкан на сериозен начин, и

Земјите од Западен Балкан треба да се трансформираат од пост-конфликтни општества до пост-коруптивни.

Проф. Река додаде дека без структурни промени, земјите од Западен Балкан нема да бидат дел од ЕУ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top