Меѓународна летна школа “Управување во услови на мигрантски кризи”

plakat-mk-1.jpg
Филозофскиот факултет на Универзитетот ͈Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Македонија, Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии на Универзитетот во Сараево и Универзитетот за применети науки Велика Горица од Република Хрватска, како и бројни владини и невладини организации учествуваат во спроведувањето на Меѓународна летна школа “Управување во услови на мигрантски кризи” која ќе се спроведува во Скопје и Гевгелија.
Летната школа трае седум дена (18.06 – 24.06.2018) со вкупно 80 часа работно оптоварување при што ќе се одржува настава од 6 задолжителни модули, практичен модул – подигање на камп и изработка на завршен труд. 
 
На учесниците на Меѓународната летна школа ќе им се додели сертификат од Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии на Универзитетот во Сараево; Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и Универзитетот за применети науки Велика Горица од Република Хрватска
Заедно со сертификатот се доделува и додаток диплома (Supplement) која ја опишува програмата на Летната школа која носи 3 ЕКТС кредити.
 
Цената за студенти од Македонија изнесува 88 евра, а цената за други лица 138 евра. 
Регистрацијата е отворена до 08.06.2018 година.

За сите подетални информации можете да гo контактирате Игор Панев на igor.panev@fzf.ukim.edu.mk, или да погледнете на https://www.summerschool.ba/

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail