Меморандум за соработка на УГД и ЗНМ

2.jpg

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Здружението на новинари на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. Во просториите на Ректоратот на УГД се одржа средба меѓу ректорот Блажо Боев и претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани и останати претставници од Здружението.

Поводот на посетата беше потпишување Меморандум за соработка меѓу Универзитетот и Здружението. Според претседателот на ЗНМ,  Насер Селмани, соработката ќе означи зајакнување на новите генерации на студенти по новинарство каде што преку работилници, обуки и други облици на доградување подмладокот на новинарската фела ќе се стекне со поголема стручност во професијата. Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, ја поздрави ваквата соработка меѓу Здружението и Универзитетот и пројави целосна поддршка на слободата на изразување како клучен сегмент во работата на Универзитетот во сите негови подрачја.

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail