Still0412_00004-1.jpg

„Скопје Еаст Гате СЕГ“ дел од „Балфин“ групацијата е мултифункционален комплекс кој е спој на трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк, на површина од 152.000 квадратни метри. Поради проширување на одделот за финансии бараме искусни, амбициозни, аналитични, проактивни кандидати за отворена позиција

Менаџер за финансиско известување

  • Потребни квалификации, вештини и личен профил:
  • Универзитетско образование од областа економија и финансии
  • Претходно работно искуство од минимум 3 години на слична позиција
  • Предност ќе имаат кандидатите со искуство во ревизорска компанија, како и лиценца за овластен ревизор
    Пожелно е искуство во сметководствен програм Pantheon
  • Искуство со финансиско известување, буџетирње и предвиудување
  • Познавања од областа на сметководството и финансиите
  • Одлично познавање на работа во MS Office и Internet
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено)
  • Независност и самостојност во извршување на работните обврски
  • Високо ниво на аналитички вештини, расудување и вештини за идентификување детали на база на податоци и документација
  • Познавања од областа на сметководството и финансиите
  • Систематичност, организираност, иницијативност
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија

Одговорности и работни задачи:

  • Изработка на извештаи/анализи за сите материјално-финансиски промени и трансакции во компанијата во согласност со сметководствената политика и законската регулатива
  • Изработка на извештаи/анализи за сите материјално-финансиски промени и трансакции во компанијата во согласност со Групациските политики и процедури
  • Идентификување на неправилностите во работењето и препорака на мерки за отфрлање на ризикот и заштеда на трошоците
  • Почитување и изготвување на интерните правила и процедури на работење
  • Спроведување на интерни контроли за примена на воспоставените процедури од страна на вработените во компанијата
  • Обезбедување објективни совети и насоки за вработените во Сметководство и Финансии
  • Книжење во компјутерскиот/сметководствениот програм на компанијата, како и контрола на аналитички картици поврзани со прокнижени документи
    Вршење сродни работи
  • Надзор на други соработници

Работни услови:

  • Компензација во согласност со искуството и работните обврски
  • Ресурсите за работа се обезбедени од страна на работодавачот
  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Доколку сакате да станете дел од една од најголемите инвестициски групации во регионот и да работите на овој возбудлив проект, доставете ја вашата кратка биографија и мотивационо писмо преку полето за аплицирање.

Огласот е активен до 12.12.2019

Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат контактирани за понатамошна селекција

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail