MEPSO-zgrada-logo-1-702x336.jpg

АД „Мепсо“ го објави конкурсот за доделување на три стипендии за студенти на техничкиот факултет во Битола.

Право на учество на конкурсот имаат само редовни студенти на Техничкиот факултет Битола кои се запишани за првпат, во прва година на студии во академската 2018/2019 година, кои ги исполнуваат следните критериуми:

-Студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по прв пат во прва година во академската 2018/2019 година;
-просечната оценка на студентот до датумот на аплицирање да не е помала од 8.0
(осум);
-студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа,
институција или компанија;
-да е државјанин на Република Северна Македонија.

Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе
биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот до датумот на
аплицирање, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното
интервју, кое ќе го врши Комисијата за стипендирање согласно следната методологија:

-максимум освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до
датумот на аплицирање, најмногу 70 поени;
-освоените поени при упис на факултетот, најмногу 25 поени;
-резултати од реализираното интервју, најмногу 5 поени.

Вкупниот износ на годишната стипендија изнесува 60.000,00 денари, и се состои од две полугодишни исплати од по 30.000 (триесет илјади) денари. Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.

Секој кандидат своерачно потполнува и потпишува пријава во која треба да бидат содржани неговите генералии: име, презиме, адреса на живеење и контакт телефон.

Заедно со пријавата за докажување дека ги исполнува условите од огласот секој кандидат треба да достави и:

-Копија од документ за лична идентификација,
-CV мотивациско писмо;
-Уверение за положени испити во кое ќе се утврди просек од 8,00 па нагоре издадено од Технички факултет Битола – Универзитет „Св.Климент Охридски” во Битола;
-Потврда издадена од Технички факултет Битола дека кандидатот е запишан во II-ра студиска година на Техничкиот факултет во Битола при Универзитетот „Свети Климент Охридски”, во студиската 2019/2020 година;
-Своерачно потпишана Изјава дека се откажува од друга стипендија доколку добие стипендија од МЕПСО;

Огласот е отворен 10 (десет) работни дена од сметано од денот на објавувањето на огласот.

Кандидатите горенаведената документација можат да ја достават во архивата на МЕПСО или да ја испратат со препорачана поштенска пратка на адреса: АД МЕПСО Скопје, Ул.„Максим Горки” бр.4, 1000 Скопје, Р.С.Македонија.

извор: тера

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail