Mercedes-Benz речиси сигурно повторно ќе биде најпродаван производител на премиум автомобили во светот. Компанијата ќе ја врати титулата загубана уште во 2005 година од BMW.
Во првите 11 месеци Mercedes има продадено 1.89 милиони автомобили, што претставува зголемување од 13 отсто во споредба со истиот период минатата година. Од друга страна BMW продал 1,82 милиони возила, а тоа е “само” 5,6 отсто повеќе од 2015 година.
Mercedes на врвот се враќа поради побарувачката за SUV автомобили, особено за GLC, но најдобро продаваните модели се седан и караван верзијата на C-Class. Исклучителна побарувачка има и за E-Class.
Audi го држи третото место со 1.71 милион испорачани автомобили.