„Mercedes“ подготвува “ѕвер” од 1.000 коњски сили!

mercedes-project-one-novo-supermen-02-1.jpg

Хиперавтомобилот на којшто работи тимот на Mercedes-AMG ќе се нарекува Project One, a како што велат од Mercedes, се работи за автомобил којшто во основа претставува возило во рангот на болидите на Формула 1, а којшто сепак ќе може легално да се вози по јавните патишта.

Project One ќе добие хибриден погонски систем, а една од неговите клучни компоненти ќе биде бензинскиот V6 турбо агрегат којшто се користи во Ф1 натпреварувањата.
Автомобили
Бензинецот, којшто својата снага ќе ја испраќа на задната осовина, ќе биде потпомогнат од електромотор којшто ќе ги погонува предните тркала.

Вкупната снага на хибридниот погонски систем ќе надминува 1.000 коњски сили (735 kW), а производителот тврди дека станува збор за “веројатно најфасцинантниот спортски двосед којшто е некогаш возен на јавни сообраќајници”.

Се очекува дека Project One ќе биде претставен во втората половина на 2017-та година, а како можен датум за премиерата се споменува месец септември и Саемот за автомобили во Франкфурт.

Овој ексклузивен спортски автомобил којшто е развиен по повод одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на AMG одделението, според некои информации ќе биде изработен во само 200 или 300 примероци, додека неговата цена ќе се движи околу 2.4 милиони евра.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail