Меш Вифи е една од најновите технологии за бизнисите и домовите

naslovna-2.jpg

Mesh е една од најновите технологии за oдличен Wi-Fi за домовите и деловните простории. Концептот е едноставен: Mesh уредите го засилуваат сигналот на вашиот безжичен рутер за да можете да добиете сигурен интернет пристап насекаде во вашиот дом или канцеларија.

Постојат повеќе предуслови за слаба и спора интернет конекција:

Поголеми домови и канцеларии
Простории со специфичен облик
Простории со широки внатрешни ѕидови од цигла или метал
Простории или надворешни области без електрична енергија
Mesh уредите ги решаваат овие проблеми со преземање на радио сигналот од вашиот Wi-Fi рутер, негово снимање и репродукција со подобрена јачина на сигналот.

На овој начин природно се проширува областа на Wi-Fi покриеноста во вашиот дом или канцеларија и се подобрува доверливоста на вашите интернет конекции во целина.

Сега, наместо да губите сигнал во спалната соба или во конференциска сала заради околните ѕидови, можете да уживате во одлична интернет конекција.

Па зошто да не добиете одличен Wi-Fi денес?

Конекција без мртви зони

Без mesh уредите, вашиот дом или канцеларија сe склони кон мртви зони. Слично како мобилни мртви зони, тоа значи дека нема да добиете безжична услуга која ви е потребна за вашите интернет уреди да работат правилно. Mesh уредот ја елиминира таа можност, така што го превзема оригиналниот безжичен сигнал на вашиот постоечки рутер и го реемитува засилен. Значи, додека сигналот на вашиот рутер може да има опсег од само околу десетина метри, вашите mesh уреди можат да го репродуцираат сигналот за покривање на цела зграда. Ќе го искористиме следниот дијаграм за да го илустрираме ова. Во првиот пример, се работи за зграда со облик L, која има само еден рутер кој се наоѓа во задната аголна просторија, која има топ Wi-Fi конекција, а остатокот од зградата е зона без интернет, мртва зона.

Но, ајде да погледнеме во истата зграда откако е опремена со четири mesh уреди.

 

Со додавањето на повеќе mesh уреди драматично се проширува покриеноста со Wi-Fi сигналот од постоечкиот рутер. Имајте на ум дека и овие не се посебни Wi-Fi мрежи, туку Mesh уредите го реемитуваат оригиналниот Wi-Fi сигнал, што значи дека треба да се поврзете на една мрежа за да добиете покриеност на целата зграда. Уште повеќе, има дури и мрежа надвор од зградата, ако се работи на пример за хотелски комплекс, но секако доколку нема потреба, мрежата може да се заштити од користење на надворешни лица.

Одличната Wi-Fi конекција е само една од можностите на Mesh уредите!

Топ брзина независно од оддалеченоста од рутерот

Секој Wi-Fi рутер може да емитува сигнал само на одредено растојание. Бидејќи тој сигнал патува и подалеку, станува се послаб и послаб со оддалечување од рутерот. Тоа значи дека лесно може да изгубите сигнал на одредено растојание од вашиот рутер. Но, тоа исто така значи дека со оддалечување од рутерот се намалува и брзината на конекцијата.

Факт е дека послаб Wi-Fi сигнал значи и помали интернет брзини. Ако живеете во помала куќа, до 60-80 квадратни метри можеби и нема да забележите разлика меѓу брзината на сигналот во вашата дневна соба и вашата спална соба.Но, ако сте во поголема куќа, над стотина квадратни метри, брзинските разлики помеѓу вашата дневна соба и спалната соба може да бидат огромни. Тоа значи дека можеби ќе можете да имате проток на Netflix во вашата дневна соба, но не и во вашата спална соба!

Тоа е неверојатно фрустрирачко. Затоа ви треба mesh уред, со кој во вашиот дом/канцеларија, ќе добиете многу поконзистентна конекција, дури и брзина, каде и да се наоѓате.И не е потребно да поставите mesh уред во секоја соба, еден или два Mesh уреди ќе бидат доволни. Бизнис корисниците можеби ќе сакаат да инвестираат во повеќе уреди доколку имаат потреба! Во тој случај, можете да користите мрежа на Мesh уреди во конференциските сали, IT центарот, па дури и индивидуални канцеларии кои се наоѓаат далеку од безжичниот рутер.

Така се минимизира загубата во брзината која е позната кај традиционалниот Wi-Fi . Имено, ако имате гигабитна интернет услуга, како се оддалечувате од рутерот можете да очекувате да спадне на неколку мега бајти.Ова е многу значајно за било каква онлајн активност, од играње игри до финансирање.Но, за оние со подлабоко познавање на мрежите, бенефитите од mesh уредите се помногубројни.

Управување со мрежите

Управувањето со мрежите е процес на одржување или подобрување и најчесто треба да имате предзнаења за тоа како можете да ја оптимизирате јачината на сигналот и сигурноста на безжичните мрежи. Mesh уредите го прават ова едноставно, бидејќи тие често доаѓаат со вградена апликација за интеграција. Тоа значи дека можете да ги контролирате сите аспектите на вашата безжична мрежа преку апликација на вашиот паметен телефон, таблет или компјутер. Со нив, можете да ја менувате вашата мрежа дури и кога не сте поврзани на неа! Можете да ги промените вашите лозинки, да го ресетирате вашиот примарен рутер, да креирате гостинска мрежа, но и повеќе други удобности како родителска контрола, приватен cloud и др….

Во суштина, можете да ги прилагодите внатрешните подесувања на вашата Wi-Fi мрежа со менување на однесувањето на вашите Mesh уреди и самиот рутер. Тоа ја прави вашата мрежа уникатна и ви овозможува рачно да oптимизирате сè.Ако сте загрижени некој друг ја користи вашата мрежа без ваша дозвола, честопати можете сами да ги исклучите “паразитите” со промена на поставките на мрежата. Значи со Mesh уредот добивате и ИТ поддршка! Но и тоа не е сѐ.

Безбедност
Mesh уредите се една од најсигурните стратегии за безжично вмрежување во светот. Најголемата загриженост на корисниците во старт е дека тие ќе го засилат сигналот со што ќе овозможат нивната интернет-услуга да ја користат и надворешни лица без дозвола. Но, поради карактеристиките за вмрежување што ги споменавме и рачната контрола што ја имате над вашиот хардвер, тоа речиси никогаш не се случува, едноставно можете да ги промените мрежните поставувања и да го избришете секој уред приклучен на вашиот Wi-Fi, да ги промените лозинките, и сѐ тоа вие самите. Автентичноста, безбедносните прашања и другите протоколи ви се на дланка. Mesh уредите ја одржуваат вашата безжична мрежа, како и вашите лични информации безбедни од надворешни лица. Но, верувајте, има уште…

Еднократен трошок

Еднократна инвестиција, без месечни сметки и додатни трошоци!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail