Метаматеријал што ги менува своите мекост и цврстина (видео)

Универзитетот во Мичиген успеа да создаде метаматеријал, кој може да ги менува својствата на еластичноста, односно својата состојба од мека во тврда и обратно, објави списанието „Нејчр комјуникејшнс”.

Метаматеријалите се синтетички материи, создадени да се приспособуват на посебни и специфични потреби и цели. Тие имаат својства коишто природните елементи и материи просто не ги поседуваат.

Интересно е тоа што својствата и особеностите на тие материјали не зависат од тоа од што се направени, туку од молекуларната структура. Тоа ја одредува, на пример, еластичноста и квалитетот на современите очни леќи, или ги прави предметите невидливи, или пак, служи при производство на софистицирани, лесни а сепак издржливи делови за автомобили.

Она што е посебно кај новиот метаматеријал е тоа што тој и под најмал притисок станува од тврд – мек, и обратно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail