Метеоролозите носат лоши вести за продолжениот викенд

vremetemnioblaci-1.jpg

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со умерен југоисточен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува умерен јужен ветер, особено изразен долж Поварадарието. Утринските температури ќе бидат во постепен, а дневните во позначителен пораст. Од ноќта кон сабота облачноста ќе се зголеми и за време на продолжениот викенд ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела ќе започне да дува северен ветер, кој ќе донесе мало спуштање на температурите. Во понеделник попладне се очекува нестабилно време со појава на грмежи.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail