Методи со кои ќе ја ублажите тензичната главоболка

timthumb.gif

Конкретната причина за тензичната главоболка не е позната, но експеритите сметаат дека се јавува за време на контракциите на мускулите на лицето, вратот и кожата на главата, најверојатно при силни емоции, стрес и напнатост.

Имено, најважно е да се обидете да се опуштите – масажа на рамената може да ви помогне во тоа, прошетка, како и редовни физички активности.

Обрнете внимание на исхраната – внесувајте поголема количина на овошје, зеленчук, јаткасти плодови, храна богата со здрави маснотии и минерали како што се магнезиум и калиум.

Внимавајте на држењето на телото додека стоите и седите и избегнувајте подолго време да седите во неправилна положба, особено ако долго време поминувате работејќи на компјутер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail