apple-vs-microsoft.jpg

Во текот на летото доста се пишуваше за Apple како првата компанија во светот чија вредност надминала еде трилион долари. Цената на акциите на Apple тогаш изнесуваше 207 долари.  Подоцна скокна на дури 231, но потоа ги претставија новите модели на iPhone, кои се чини не ја доживеаја популарноста која се очекуваше.

Од друга страна, тука е компанијата со седиште во Редмонд, Вашингтон, која континуирано бележи позитивни финанасиски резултати и сега вреди 753 милијарди долари. Станува збор за гигантот Microsoft, кој го замени Apple на местото највредна компанија во светот, а се очекува и дека во блиска иднина може да ја надмине вредноста од трилион долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail