Уште еден доказ дека за уредување на просторот е доволен и сосема мал стан, но голема имагинација и добри идеи.
Микро становите одамна станаа популарни, особено во големите светски метрополи кои се пренаселени и каде што цената на квадрат животен простор достигнува астрономски цифри. Еден од тие градови секако е и Париз, каде цената на квадратен метар животен простор е меѓу најскапите во Европа.
Па така, цената на мало студио (гарсониера), во зависност од локацијата може да достигне и сума од 200.000 евра!
Но, тука не е акцентот на цената, туку на уредувањето на ентериерот и искористеноста на просторот, кој во овој случај е искористен феноменално, до последен милиметар.
Архитектонски совршено решениот простор (колку што дозволува квадратурата) изгледа атрактивно, модерно и делува многу попространо отколку што навистина е. А најважно од сè – целосно е функционален за живот.
Згора на тоа, има и француски балкон! Што уште можете да посакате?
Погледнете како изгледа простор од 13 квадрати што е тип-топ среден:
извор: точка.мк