Микроби кои растат „од никаде“ по вулкански ерупции

mikrobiii.jpg

Кога подводен вулкан ќе еруптира, комплетно менувајќи го подводниот пејсаж во должина од неколку километри, логично е да се претпостави дека таму не би било најдобро место за создавање на нов живот.

Но, истражувачите го откриле токму тоа, идентификувајќи нова врста на влакнеста бела бактерија која покрива подводен вулкан на 130 метри под морското ниво на Канарските Острови. Да е уште почудно, таа почнала да го колонизира вулканот што температурите се спуштиле под 100°C по ерупцијата.

Во 2011-та, Канарските Острови биле погодени од голем број потреси, додека подводниот вулкан Тагоро комплетно го покрил океанското дно со нови карпи во тек на 138 денови.

Италијански и шпански истражувачи во 2014 отишле да го истражат дното, очекувајќи да ги дочека пустош во тој подводен регион, но наместо тоа откриле дека вулканот е покриен со бели микроби во форма на влакна – врста која тие ја немале видено дотогаш.

Белите влакна, кои ги нарекле „косата на Венера“, биле долги околу 3 сантиметри, со дијаметар од 36-90 микрометри. За споредба, човечкото влакно има дијаметар помеѓу 17 и 180 микрометри.

Реонот покриен со ова бело крзно бил со површина од околу 8 тениски игралишта, т.е 2000 квадратни метри врз вулканот, а тоа се појавило буквално „од никаде“.

Научниците велат дека е важно да се запомни дека секоја капка од солената вода содржи милиони бактерии и дека во теорија само една од нив е доволна за колонизирање на ново живеалиште.

Бактериумот од „Косата на Венера“ може да бил во оваа ретка биосфера и случајно да наишол на ново живеалиште креирано од вулканската ерупција.

Иако бактеријата не сакала да расте во лабораториски услови, тимот ја секвенцирал нејзината ДНК и открил дека се работи за сосема нова врста од видот Тиотрикали, поради што и било дадено името Thiolava veneris.

Таа најверојатно се хранела од огромната количина водород сулфид кој излегувал од вулканските карпи, а анализата од секвенцирањето на ДНК-то покажала дека бактеријата има ген кој продуцира протеин способен да ги отстрани тешките метали од новите вулкански карпи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail