deca.jpg

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ им додели признание на тројцата ученици од ОУ ,,Кочо Рацин“ кои спасија човек од задушување во градски авттобус:

,,Посебно сум горд што имав можност да им изразам почит и признание на нашите херои од ООУ Кочо Рацин, кои вчера безрезервно помогнаа да се спаси еден човечки живот. Признание за нивната храброст, хуманост и пожртвуваност. Мила Коцевска, Ведран Лауренчиќ и Петар Тодоровски се пример за сите деца, а и за нас возрасните“-изјави градоначалникот Богдановиќ.

Во автобусот број 57 на ЈСП Скопје, на булевар Климент Охридски кај зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“ на трaсата кон Капиштец, две момчиња и едно девојче, седмооделенци во основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје, враќајќи се од натпревар по прва помош во Црвениот крст, забележале дека на еден од патниците што седел во нивна близина не му е добро и дека се тресе.

„Веднаш му кажавме на возачот да го запре автобусот и други двајца патници му помогнаа да се симне надвор. Но, човекот кога излезе надвор веднаш падна на земја и почна многу посилно да се тресе и да се грчи. Ние излеговме да му помогнеме, а другите патници повикаа брза помош“, изјави за СДК,13-годишниот Ведран Лауренчиќ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail