Милица е една од 20-те на светот со златна крвна група: Му го спасила животот на првиот човек на ФИФА

yeiWi-1196827-davanje-krvi-ls-s.jpg

Милица е едно од 20 лица во светот со “златна крвна група”, а му го спасила животот дури и на првиот човек на ФИФА.

Никој во семејството ја нема таа крвна група. Дека е една од ретките на планетата, сега 80-годишната Милица Мучалица открила сосема случајно, во 60-тите години.

“Кога останав бремена, морав да вадам крв, тоа беше во 1962. година. Во заводот за трансфузија на крв ми рекоа дека нешто не е во ред, дека морам повторно да вадам крв, што и направив”, вели Милица за RTS.

Кога поради операција на туморот на матката и била потребна крв, најблискиот донатор бил во Канада. Време немало, па лекарите морале да и ги подврзат капиларите за да ја спасат. Како член на меѓународниот регистар за ретки крвни групи, Милица често била во можност да биде донатор. Во контакт е со оние на кои им помогнала. Еден од нив е претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

“Ме одведоа во Заводот и ми земаа крв бидејќи се јавиле од Швајцарија дека се родило дете кое ја има мојата крвна група. Реков дека ќе ја дадам својата крв, бидејќи мене немаше кој да ми даде. По еден месец доктор Зимиќ ми донесе благодарница од Швајцарија”, вели Милица.

Милица е една од 20-те лица на Земјата со таа крвна група.

“Златната крв се вбројува во таканаречен нулти фенотип. Многу крвни системи имаат нулти фенотип. Најчесто во рутинска работа постои сомнение на постоење на нулти фенотип кај пациентите кои добивале трансфузија на крв или биле бремени, кои се сензибилни на антигенот на еден крвен систем кој нив им недостасува”, вели Билјана Животиќ од Институтот за трансфузија на крв во Србија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail