Милијардери кои донираат најмногу пари

bil-gejts.jpg

Богатите луѓе одделуваат многу пари на социјални иницијативи и добротворни организации. Примери во овој поглед се двајца од најпознатите претприемачи во светот – Бил Гејтс и Ворен Бафет. И двајцата активно донираат како дел од обврската „ Giving Pledge“

Списанието „The Chronicle of Philanthropy“ го претстави во септември својот извештај “Philanthropy 50”, посветен на донирање. Во него, исто така, се сместени најголемите донатори во САД од 2000 година.

Резултатите едвај изненадиле многумина кои следат вести и знаат дека најбогатите милијардери се меѓу најголемите донатори.

А сепак, првото место може и да ве изненади, бидејќи на него не е најбогатиот човек на светот Бил Гејтс.

Основачот на Мајкрософт останува на втората позиција. Донирал 22% од своето богатство, или 18 милијарди долари.

Број еден во ранг-листата е Ворен Бафет. Легендарниот инвеститор донирал повеќе од двапати повеќе – 46 милијарди долари, што е 71% од целото негово богатство.

Трето место е поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, кој донирал 10 отсто од своето богатство или 4,5 милијарди долари.

Ако се прашувате кој е последниот на листата, тогаш тоа е, исто така, еден од најбогатите луѓе на планетата – основачот и извршниот директор на Амазон, Џеф Безос. Засега донирал само 0,1% од своето лично богатство.

Но, веројатно оваа сума ќе порасне многу наскоро, бидејќи неодамна Безос објави анкета на својот профил на Твитер, прашувајќи што ќе го советуваат каде да донира дел од неговата вредност од над 80 милијарди долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top